Home Рецепти Вегетаријански полнети пиперки

Вегетаријански полнети пиперки

Вегетаријански полнети пиперки

Полнетите пиперки се класика, но што ако не сакате да ги правите со мелено месо?

Наместо тоа, можете да ги наполните со разновиден зеленчук и целосно да го промените нивниот вкус. Без разлика дали се придржувате кон вегетаријанска исхрана или едноставно сакате да пробате нешто ново и интересно, полнетите пиперки со киноа и зеленчук се токму она што ви треба.

Потребни состојки – за 6 порции

6 поголеми пиперки, пресечени на половина

2 лажици екстра девствено маслиново масло

сол и бибер

½ чаша киноа

1 главица кромид, сечкан на коцки

1 лута чили пиперка, ситно исечкана

1 – 2 тиквички, исечкани на коцки

2 чаши пченка

1 чаша чери домати, исечени на четвртини

една врзоп млад кромид

1 чаша ситно сечкан коријандер

350 г тврд бел сирење

сечкан босилек или власец, за декорација

свежо цеден сок од лимон

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 250 степени. Обложете тава со хартија за печење. Ставете ги пиперките со пресечената страна свртена нагоре, полијте ги со масло и посолете. Печете во рерна околу 15 минути, потоа извадете ги, свртете ги и оставете ги настрана.

Во меѓувреме, во тенџере со средна големина зовријте вода. Додајте прстофат сол и киноата, па гответе околу 10 минути, додека не омекне. Кога ќе биде готова, оставете ја настрана.

Во поголема тава на висока температура загрејте маслиново масло и додајте го кромидот и чили пиперката. Намалете ја температурата и динстајте околу 5 минути. Потоа додајте ги тиквичките и мешајте додека се динстаат околу 2 минути. Важно е тиквичките да ја задржат својата текстура. Додајте ја потоа пченката и мешајте одвреме-навреме уште 2 минути. Исклучете ја ринглата и додајте ги чери доматите, младиот кромид и коријандерот.

Измешајте ја смесата со киноата и соединете ги состојките. По вкус, додадете сол и бибер. На крајот, додајте го исечканото тврдо сирење, а потоа со лажица наполнете ги пиперките со подготвената смеса. Вратете ги во рерната и печете додека сирењето не се растопи, околу 10 минути. По желба, декорирајте со сечкан босилек или власец, како и свежо исцеден лимон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Крцкави печени колачиња со бадеми и чоколадо

Тешко е да се одолее на чоколадните колачиња, особено за време на празниците. Ако на целат…