Вечерва паѓа рекорд стар 15 години: Ова чудо од дете го „руши“ Икер Касиљас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Икер Касиљас во 2002 година стана најмладиот голман во Лигата на шампиони, но вечерва може да биде соборен неговиот рекорд стар 15 години.

Бенфика ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Луж“, а меѓу стативите би требало да стои 18-годишниот Миле Свилар на местото од повредениот Жулио Цезар.

Доколку настапи на овој меч, Свилар ќе стане намладиот голман во историјата на ова натпреварување со само 18 години, еден месец и 22 дена.

Белгискиот репрезентативец до 19 години ова лето пристигна во Лисабон од Андерлехт и е еден од најталентираните млади голмани во Европа.

Касиљас имаше 18 години, три месеци и 26 дена кога дебитираше за Реал Мадрид во најелтното клупско натпреварување, а Свилар ќе го сруши неговиот рекорд со скоро два месеци.