Home Спорт Вардар се засилува со најдобриот стрелец во Европа лигата!?

Вардар се засилува со најдобриот стрелец во Европа лигата!?

Се најавува дека македонскиот шампион Вардар ќе се засили со рускиот напаѓач Максим Максимов, кој настапува за литванскиот Тракаи.

Максимов е 21 годишен напаѓач кој оваа сезона го привлече вниманието со одличните партии за Тракаи со кого стигна до третото квалификациско коло во Лига Европа, каде беше запрен од Шкендија.

Инаку Максимов во овој момент е најдобар стрелец во Лига Европа со постигнати седум гола на шест натпревари.

Сеуште се очекува официјална потврда од македонскиот шампион, па доколку трансферот се реализира сигурно Вардар ќе добие големо засилување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…