Home Спорт Вардар и Металург со по еден претставник во тимот на колото

Вардар и Металург со по еден претставник во тимот на колото

Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, и десното крило на Металург, Александар Гуглета се најдоа во идеалниот тим на четвртото коло во Лигата на шампионите.

Вардар во А-групата ремизира во Сегед 26:26. Црногорскиот репрезентативец Борозан беше најефикасен кај европскиот првак со осум гола.

Металург во Харков против Мотор Запорожје имаше девет гола предност во 25 минута, односно шест на полувремето (18:12), но на крајот освои само бод. Седум гола за екипата од Автокоманда постигна десното крило Гуглета.

Тимот на колото во ЛШ:
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Лево крило: Џери Толбринг (Рајн Некар)
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)
Среден бек: Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)
Десен бек: Жига Млакар (Целје)
Десно крило: Александар Гуглета (Металург)
Пивот: Камил Сипжак (Барселона)

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…