Home Спорт Вардар ги шокира фановите – астрономски цени за Фенербахче!

Вардар ги шокира фановите – астрономски цени за Фенербахче!

Македонскиот шампион Вардар соопшти дека од утре ќе бидат пуштени во продажба билетите за натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17-ти август на „Телеком Арената“ во Скопје.

Вардар ги објави и цените на билетите, па ги шокираше своите фанови бидејќи тиа се навистина астрономски. Имено, цената на билетите ќе изнесува 2.000, 2.500 и 3.000 денари!

„Црвено-црните“ напоменуваат дека имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.

При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).

Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…