Home Шоубизнис Ванеса Хеслер – спој на класична римска убавина, заводливост и сексапил

Ванеса Хеслер – спој на класична римска убавина, заводливост и сексапил

Ванеса Хеслер е американско-италијанска актерка и модел, родена на 21 јануари, 1988 година, во Рим.

Во светот на модата Ванеса влезе кога имаше 15 години, а се има појавено на страниците од голем број списанија во Италија, Германија и Франција. Нејзиниот татко е со американско-германско потекло, а нејзината мајка е Италијанка.

Ванеса живее во Рим до осумгодишна возраст, после што фамилијарно се селат во Вашингтон ДиСи. Како тинејџерка живеела во Роквил, Мериленд, а потоа, во 2002 година се вратила во Италија. Течно говори италијански, англиски и француски.

Во 2005 година се појави во филмот Christmas in Miami, после што нејзината слава значително порасна. Ја глумеше грчката принцеза Ирина во Asterix at the Olympic Games заедно со Ален Делон и Жерар Депардје. Во 2008 година почна да снима италијански филмови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Сопругот на Зара Тиндал, Мајк, отворено за „тешките“ моменти во бракот

Ќерката на принцезата Ана, Зара Тиндал, и нејзиниот сопруг Мајк Тиндал искрено зборуваат з…