Home Спорт Ван Дијк го обвини Кејн за симулација: Тоа беше само глума!

Ван Дијк го обвини Кејн за симулација: Тоа беше само глума!

Најскапиот дефанзивец на светот, Вирџил ван Дијк ги коментираше спорните пенали кои му беа досудени на Тотенхем во дербито на „Енфилд“.

Според Ван Дијк при правта ситуација Хари Кејн не само што е во офсајд, туку и симулира, а при вториот пенал Холанѓанецот вели дека станува збор за глума.

„Милам дека тоа беше симулација. Гледате како Кејн симулира, но никој не зборува за тоа. Многу се дискутира дали тој е во офсајд, меѓутоа клучен момент е неговата симулација“, тврди Ван Дијк.

За вториот пенал Ван Дијк изјави: „Видов во последен момент дека доаѓа и се обидов да ја приберам ногата. Меѓутоа тој вешто се намести меѓу мене и топакат и падна. Тоа е чиста глума“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…