Home Спорт Валверде што ли ти требаше ова?!

Валверде што ли ти требаше ова?!

Барселона вечерва игра против Бетис и ќе се обиде првенството да го стартува со победа.

По очајните изданија во Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид, Барселона се насочи кон првенството, а првиот меч ќе го игра против Бетис. Барселона без сомнеж е голем фаворит, но составот кој вечерва ќе заигра во дресот на Каталонците некако не делува доволно силен.

Навикнати сме на супермоќен состав на Барселона, но поради суспензиите и повредите, Валверде ќе мора да изнесе малку комбиниран состав.

На голот ќе биде Тер Штеген, стоперите Маскерано и Умтити, бекови се Видал и Алва, а потоа напред Бускетс, Ракитиќ и Серџи Роберто, додека во нападот ќе бидат Меси, Алкасер и Деулефу.

Нејмар замина во ПСЖ, Суарез е повреден, Иниеста исто така, го нема ниту Рафиња и затоа овој состав на Барселона барем за шпанските медиуми делува „слаб и еден од најлошите во последните неколку години“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…