Home Спорт Вакво нешто не е видено: Ова е најлудата прослава на трофеј (видео)

Вакво нешто не е видено: Ова е најлудата прослава на трофеј (видео)

Играчот за врска на Лилестром, Александар Мелгалвис се соблече до гола кожа за да го прослави освојувањето на трофејот од Купот на Норвешка.

28-годишниот фудбалер на изненадување на своите соиграчи, но и на бројните навивачи, изведе стриптиз на бината и на крајот интимните делови од телото ги покри со освоениот трофеј.

Ваквото славје на фудбалерите на Лилестром го привлече вниманието на дисциплинската комисија, па не е исклучено дека ќе бидат сакнционирани.

„Тоа беше спонтано, добронамерна идеја, која доби многу позитивни коментари. Мило ми е што се случи тоа. Нормално, никого не сакав да повредам и се извинувам ако го направив тоа“, изјави Мелгалвис.

Видеото од лудото славје можете да го видете ОВДЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…