Home Актуелно Утре разговори на здравствените власти за можниот датум за избори

Утре разговори на здравствените власти за можниот датум за избори

Врз основа на претходно изработените анализи и статистички податоци за актуелната состојба со коронавирусот во Македомнија, утре здравствените власти ќе разговараат за евентуалниот можен датум за претстојните, еднаш одложени избори, поточно дали и кога се можни истите, како и дали има простор за олабавување на мерките за заштита од следната седмица, најавува министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче вели дека е сѐ уште рано да се каже кога може да се одржат изборите, ама најавува дека утре ќе се разговара дали има услови за одржување избори, како и за евентуално намалување или укинување на полицискиот час.

Министерот најави и тестирање на можни асимптоматски носители на вирусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени работници… На тој начин, вели, ќе се спречи ширење на заразата.

Сега, објаснува Филипче, има помалку тестирања затоа што е помал и бројот на пациенти со симптоми. Тоа, како што нагласува, е добро и претставува успех на стратегијата за справување со епидемијата.

„Се намалува бројот на новодијагностицирни од коронавирус. Епидемијата полека стивнува. Но епидемиолозите, во рамки на Комисијата за заразни болести, многу внимателно ги следат состојбите. На утрешниот состанок ќе ги анализираме најновите податоци и врз основа на тоа ќе се заклучи дали може да препорачаме ублажување на мерките од почетокот на следната седмица“, изјави Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…