Home Актуелно Усвоен предлогот на Никола Груевски да му биде одземен пратеничкиот мандат

Усвоен предлогот на Никола Груевски да му биде одземен пратеничкиот мандат

На денешната седница на која на дневен ред беше пратеничкиот мандат на Никола Груевски, со пет гласа „за“ Комисијата за мандатно имунитетни прашања изгласа бившиот премиер и моментален политички азилант и бегалец да остане без мандатот по основ дека е неоправдано отсутен повеќе од шест месеци.

Расправата траеше само половина час и само неколку пратеници се јавија за збор, без поголема дискусија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту „за“ ниту „против“ за предлогот, а не беа ниту воздржани. Едноставно, не гласаа како да не се тука.

Предлогот сега треба да се најде на пленарна седница каде парламентот ќе донесе одлука дали да му биде одземен мандатот на Груевски. За тоа да се случи е потребно двотретинско мнозинство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…