Уставен пресече: Исклучените од парно системот ќе си плаќаат паушал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нема задолжително местење на калориметри на радијаторите за старите корисници на парно греењето, тврдат од БЕГ.

Мерачте за топлина на радијаторите во секој дом, според предложениот закон за енергетика, ќе бидат обврзувачки само за новите објекти кои ќе се градат во иднина, а ќе треба да ги постави инвеститорот на објектот.

„Согласно новите стандарди за енергетска ефикасност само новите објекти кои што ќесе градат во иднина после добивање на дозвола за градба да бидат обврзани инвеститорите при градба на објектите веќе да ги вградат тие уреди. Што значи корисниците на нови станови ќе ги добиваат овие уреди заедно со купувањето на станот. Пооднос на постоечките корисници тие нема да бидат обврзани“, вели Димитар Кочовски –претседател на управен одбор во Балкан енерџи груп АД Скопје

Со идентичен став како на БЕГ денеска и од кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, откако вицепремиерот во понеделникот изјави дека калориметрите ќе бидат обврска за сите корисници, а Валдата ќе бара начин да им помогне со плаќањето.

„За објектите кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, поставувањето на мерни уреди не е задолжително, односно е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници“

Во предлог – законот за енергетика, кој владините министри го претставуваат како европски, не е предвидено да се укине обврската исклучените од системот за парно греење да плаќаат фиксен надоместок, со образложение дека добиваат топлина од нивните соседи.Токму Уставниот суд ја отфрли иницијатива и пресече дека граѓаните ќе мора да плаќаат паушал за услуга што не ја користат. Тие револтирани повторно најавија дека правдата ќе ја бараат во Стразбур.