Home Актуелно Уште пред да почне војната во Украина ЦИА го предупредила Зеленски дека Русија да го убие – досега преживеал 12 обиди за атентат

Уште пред да почне војната во Украина ЦИА го предупредила Зеленски дека Русија да го убие – досега преживеал 12 обиди за атентат

Првиот човек на ЦИА на таен состанок во Киев го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски за руски план за негов атентат непосредно пред почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година.

Зеленски тогаш ги добил и сите информации за нападот на неговата земја. Ова го пишува во книгата „Борбата на неговиот живот: Во Белата куќа на Џо Бајден“ на авторот Крис Випл пишува британскиот Индепендент.

Според книгата, директортот на ЦИА Вилијам Барнс бил во Киев да зборува со Зеленски кој ги отфрлаше американските предупредувања за руската инвазија. Тогаш бил предупреден и за плановите за атентат.

Во книгата со објаснување дека информацијата е од „украински безбедносни извори“ се вели и дека Зеленски преживеал најмалку 12 обиди за атентат во текот на инвазијата. Два биле спречени благодарение на американските безбедносни служби.

„Информациите беа толку детални што обезбедувањето на Зеленски спречи два руски обиди за атентат на украинскиот претседател“ пишува Випл во книгата се вели во текстот на Индепендент кој објави дека поседува копија од делото кое трба да биде објавено наскоро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…