Home Актуелно „Дупка“ во законот: Профитери на вработените место да им плаќаат прекувремени работни саати, ги „китат“ со титули

„Дупка“ во законот: Профитери на вработените место да им плаќаат прекувремени работни саати, ги „китат“ со титули

Голем број американски компании нашле „финта во законот“ за да избегнуваат да платат околу 4 милијарди долари надомест за прекувремено работење од страна на нивните вработени на годишно ниво со измислување на титули за обични вработени како „директор за први импресии“ или „главен инсталатер на врати за туш кабини“.

Се работи за пракса, најчесто употребувана од ресторани и продавници, која искористува едно правило од американскиот закон за Фер трудови стандарди, кое вели дека компаниите не мора да им плаќаат прекувремено на вработени што држат менаџерски позиции и имаат плата над одредено ниво.

Од 2010 до 2018 имало 485% раст на бројот на вакви матни менаџерски улоги во чиј опис на работни задачи речиси и да немало какво било менаџирање.

Студијата на користењето на оваа пракса покажала дека компаниите благодарејќи на нејзе во овој период избегнале да платат над 151 милион прекувремени работни часови.

Меѓу титулите откриени од студијата што ја спроведуваат професори од Бизнис школата на Харвард и Универзитетот на Тексас во Далас, има: менаџер за шампон за теписи, координатор за скенирање цени и лидер за искуството на гостите. Оваа пракса е користена и од гиганти како Волмарт или ЏејПиМорган Чејс.

Извор: ОффНет

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…