Уште една жртва на грипот: Дете почина на Инфективна поради компликации


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сезонскиот грип ја зеде и петтата жртва откако уште едно дете почина на скопскиот Клинички центар.

На клиниката за инфективни болести, како последица на компликации од грип почина 14 годишно дете.

Според информациите од министерството за здравство, детето боледувало и од церебрална парализа.

Според податоците од Институт за јавно здравје до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 слуачи со симптоми на грип.

Според епидемиолозите луѓето со претходни заболувања најчесто се со тешки компликации од како ќе заболат од грип. Ова е петтиот смртен случај од грип оваа сезона.