Уште една капитална американска банка доживеа колапс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


First Republic Bank е третата американска банка која банкротираше за два месецa. Имотот на пропаднатата банка сега ќе го преземе Џеј Пи Морган (JPMorgan Chase), пренесуваат светските медиуми.

Џеј Пи Морган постигна договор со регулаторите за преземање на „значително мнозинство“ од средствата на First Republic вклучувајќи заеми од 173 милијарди долари.

Џеј Пи Морган соопшти дека стекнала „значително мнозинство на средства“ и презела депозити, осигурени и неосигурени.

„Со спроведувањето на оваа трансакција, JPMorgan Chase го поддржува американскиот финансиски систем со неговата значајна сила и способности за извршување“, се вели во соопштението на банката.

Калифорниското одделение за финансиска заштита и иновации рано во понеделникот објави дека ја презела First Republic и дека Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) ќе дејствува како примач. Веднаш потоа, FDIC ја објави продажбата. Продажната цена не беше откриена во соопштението на FDIC, која спроведе аукција меѓу неколку банки за да види која ќе заврши со средствата на First Republic.

Тие понуди беа поднесени во неделата доцна попладне, изјави извор за Си-Ен-Ен. Потоа следеа часови на чекање за вести за тоа која понуда била успешна.

Колапсот на First Republic уследи по колапсот на американските банки Silicon Valley и Signature, откако инвеститорите ги повлекоа своите средства.

Американската централна банка беше принудена да се вклучи со итни мерки за стабилизирање на пазарот.

First Republic, која започна со работа во 1985 година со подружница во Сан Франциско, е позната по тоа што им служи на богатите клиенти во крајбрежните држави. Имаше имот од 229,1 милијарди долари на 13 април. На крајот на минатата година таа беше 14-та по големина банка во земјата, според рангирањето на Федералните резерви.

Џеј По Морган е најголемата банка во САД, со вкупна глобална актива од речиси 4 трилиони долари заклучно со 31 март.