Home Актуелно Уште еден турски градежен инвеститор уапсен при обид за бегство од Турција

Уште еден турски градежен инвеститор уапсен при обид за бегство од Турција

Полициските служби во Турција во Мармарис уапсија еден од инвеститорите кои граделе во областа Кахраманмараш, која минатата недела беше погодена од разорни земјотреси.

Како што пренесуваат локалните медиуми, инвеститорот бил фатен во моментот кога се обидувал да избега од земјата со чамец, пренесува Макфакс.

Во моментов не се знае каде градел уапсениот инвеститор.

Во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари, само во таа земја загинаа повеќе од 35.000 луѓе. Повеќе од 10.000 објекти се урнати до темел, а најмалку исто толку ќе треба насилно да се урнат бидејќи објектите се непогодни за живот.

Турската полиција изминатите денови уапси инвеститори и изведувачи, кои се сомничат дека поради несовесно работење при изградбата предизвикале уривање на зградите.

Турција утрово ја погоди уште еден силен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…