Home Спорт Уште еден гигант се вклучи во трката за Икарди

Уште еден гигант се вклучи во трката за Икарди

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота вчера потврди дека Мауро Икарди не влегува во плановите на клубот и дека е ставен на продажба.

Иднината на Икарди е главна тема во италијанските медиуми, бидејќи самиот играч преку својот агент Ванда Нара се противи и сака да остане во Милано.

За неговиот потпис силен интерес покажуваат Јувентус и Наполи, а последните информации од Апенините се дека Аргентинецот веќе има договор со „старата дама“.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Атлетико Мадрид, кој е во потрага по напаѓач бидејќи Диего Коста е на излезна врата во клубот.

Симеоне смета дека Икарди ќе биде идеален партнер на Алваро Мората и е спремен да понуди 60 милиони евра.

Сепак, играчот и неговата сопруга во моментов не сакаат да ја напуштат Италија и преферираат трансфер во Серија А.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…