Home Актуелно Уште двајца починати и 44 новозаразени од коронавирусот во Македонија

Уште двајца починати и 44 новозаразени од коронавирусот во Македонија

Според информациите кои ги пренесе Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на 45-годишна возраст, по потекло од Куманово, а другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

• Скопје- 175
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 14
• Тетово – 10
• Прилеп – 10
• Струга – 7
• Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…