Home Актуелно Уште денес и утре облачно, па следува сончев викенд

Уште денес и утре облачно, па следува сончев викенд

И денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, главно во јужните делови со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Крива Паланка 21, Маврово 16, Охрид 20, Битола 22, Кавадарци 25, Берово 19, Дојран 27.

И утре времето ќе биде променливо облачно со краткотрајни локални врнежи од дожд во јужните делови и температури од 16 до 24 степени.

За време на викендот ќе имаме сончево време со мала доумерена облачност и температури од 17 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…