Home Актуелно Уписите на УКИМ почнуваат в четврток

Уписите на УКИМ почнуваат в четврток

В четврток и в петок (17 и 18 август) ќе биде пријавувањето за упис во прва година во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Според конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за претстојната студиска година, слободни се 10.818 места. Од нив, 5.865 се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3.793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1.160 за вонредни студенти кои исто така плаќаат 400 евра. Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии.

Кандидатите што ќе го пропуштат првиот рок за пријавување оваа недела може да се пријават во вториот рок на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.

Во конкурсот на УКИМ се наведени потребните документи и критериумите и условите за упис, меѓу кои е и положена државна матура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…