Home Актуелно Украина тврди дека руските војници во подвижни крематориуми ги спалувале телата на загинатите цивили за да ги прикријат доказите

Украина тврди дека руските војници во подвижни крематориуми ги спалувале телата на загинатите цивили за да ги прикријат доказите

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, истакна дека најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град. Ова тој го изјави за време на тркалезната маса што се емитуваше вчера во живо на Фејсбук.

– Се проценува дека меѓу загинатите има најмалку 210 деца, истакна градоначалникот на Мариупол.

Toj ја обвини Русија дека користи мобилни крематориуми во градот за да ги прикрие доказите за убиствата на цивили.

-Тоа е причината што Русите не брзаат да дадат зелено светло на турската мисија и другите иницијативи за целосна евакуација на Мариупол, напишал Бојченко.

Градоначалникот напишал и дека „луѓе поврзани со Русија ги собираат и кремираат телата на жителите на Мариупол“.

Бојченко го опиша уништувањето од војната во Мариупол, раскажувајќи ужасни детали за нападите, односно дека намерно била нападната детска болница во градот, дека театарот е намерно уништен и покрај поставените натписи „Деца“ на паркинзите на театарот. Во зградата биле засолнати повеќе од 900 луѓе.

– Тоа се само неколку примери за намерно уништување на цивилното население на Мариупол, додаде градоначалникот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…