Home Актуелно Облачен и нестабилен четврток

Облачен и нестабилен четврток

Денешниот, седми априлски ден во Македонија носи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…