Home Актуелно Правосудната администрација денеска и утре ќе штрајкува со двочасовен прекин на работата

Правосудната администрација денеска и утре ќе штрајкува со двочасовен прекин на работата

Вработените во правосудството денеска и утре во знак на протест ќе ја прекинат работата два часа, во периодот од 10 до 12 часот.

Велат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.

Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи.

Од УПОЗ претходно неделава истакнаа дека само вработените во управата и правосудството земаат плата под минималната, што го зголемува незадоволство. Најави дека протестот ќе трае сè додека надлежните не ги повикаат на преговори со цел да се договорот за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…