Убедена е дека на оваа фотка од пожарот на Нотр Дам го видела ликот на Исус Христос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лесли Рован од Шкотска убедена е и тврди дека на една од илјадниците фотографии од стравичниот пожар кој ја зафати катедралата Нотр Дам во Парис, кои ги обиколија светските медиуми, го видела ликот на Исус Христос.

38-годишната Лесли вели дека навистина на една од фотографиите го видела Исус. „Можеби мојот ум се поигрува со мене, но луѓе , загледајте се добро во оваа фотографија и кажете ми што гледате”, вели Рован.

Откако Лесли ја објави фотографијата на социјалните мрежи, се појавија уште десетици луѓе кои го гледаат Исус исто како неа.

„Мислам дека ова ќе им донесе мир и утеха на луѓето во Париз и луѓето низ целиот свет во овие тешки моменти“, изјави Лесли за британските медиуми.