Home Актуелно Уапсено лицето кое вчера пукаше во велешкиот полицаец

Уапсено лицето кое вчера пукаше во велешкиот полицаец

31-годишниот Ѓ.К. од Велес денес околу 10 часот беше приведен од полициските служби, под сомневање дека вчера пред црквата „Св.Спас”, кај Градските гробишта во Велес, го одзел пиштолот на полицаецот Е.М. (46) и испукал четири куршуми во него.

Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица. Ранетиот полицаец е надвор од животна опасност.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…