Home Актуелно Уапсен полицискиот службеник кој беше снимен како зема мито на граничниот премин Блаце

Уапсен полицискиот службеник кој беше снимен како зема мито на граничниот премин Блаце

Шкрета Елхам, началникот на граничниот пункт Блаце е приведен откако вчера ТВ Клан објави снимка на која тој е снимен како зема мито од 120 евра, објави ТВ Алсат и јавува дека акцијата продолжува и се очекува да има и други апсења.

МВР утрово соопшти дека „одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање мито од страна на полициски службеници на граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста“, стои во соопштението на МВР.

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…