Home Актуелно Уапсен Ли Џае Јонг, потпретседателот на Самсунг

Уапсен Ли Џае Јонг, потпретседателот на Самсунг

Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс, Ли Џае Јонг е уапсен во рамките на истрагата за корупција, поради која и беше изгласан импичмент на претседателката на Јужна Кореа, Парк Геун Хје.

Судот побарал Ли Џае Јонг да биде уапсен бидејќи се појавиле нови докази во истрагата за корупција, пренесува агенцијата АФП.

Истовременот судот го одбил барањето за апсење на претседателот на Самсунг електроникс, Парк Санг Јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител, во вторникот, побарала да бидат уапсени претседателот и потпретседателот на Самсунг електроникс, поради корупција и уште некои други обвиненија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…