Home Актуелно Уапсен и притвор за 30-годишен скопјанец за поседување на марихуана и оружје

Уапсен и притвор за 30-годишен скопјанец за поседување на марихуана и оружје

Припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје при рутински претрес на 30-годишен скопјанец пронашле прво марихуана, а потоа и два пиштоли и муниција во неговиот стан, по што беше поднесена кривична пријава против лицето, пренесува Макфакс.

Како што информираат од МВР, на 9 октомври околу 1:00 часот по полноќ полицајци на булеварот Крсте Мисирков во близина на трговскиот центар Мавровка сопреле автомобил во кој како совозач патувал пријавениот.

При прегледот, кај него била пронајдена марихуана и дрогата му била одземена. Истиот ден, по издадена судска наредба, полициска екипа извршила претрес на домот на пријавениот во Скопје.

При претресот во подрумските простории пронајдени биле: пиштол марка „берета“ со една празна рамка за истиот, револвер со натпис „Збрно“ модел „гранд“, шест куршуми кратко зрно, 15 куршуми, 322 куршуми долго зрно и марихуана.

Скопјанецот е приведен и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.

Против него е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил две кривични дела, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…