Home Актуелно Уапсен е струмичанец обвинет за пет обиди за силување!

Уапсен е струмичанец обвинет за пет обиди за силување!

Струмичанец на возраст од 25 години е уапсен под сомнение за пет обиди за силување што ги сторил на повеќе локации во Струмица во период од 5 дена.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела силување, казниви по член 186, став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Од МВР велат дека пријавениот ги извршил делата во периодот од 1.45 часот на 29 декември минатата година до 5 часот на 2 јануари на подрачјето на Струмица. Според документираните сознанија, Т.Т. на улиците Васил Сурчев, на булеварот Маршал Тито, на „Младинска“, на „Невена Стојкова“ и на „Народна револуција“ ги напаѓал жртвите, но кога му давале отпор, бегал од местото.

Во вторникот, по извршено кривично дело, во момент кога бегал, забележан е од полициски службеници, по што бил приведен во Полициската станица Струмица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…