Уапсен Боки 13 на граничен премин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 пред малку е уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје, пренесува „Канал 5“.

Уапсен е поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граница.

Приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој е уапсен во еден скопски ресторан.

Од обвинителството не откриваат за каков случај се работи, најавија за подоцна прес конференција.

Бојан Јовановски е менаџер во 1 тв каде како сопственик се јавува неговиот татко.