Тврди дека си го исчистила лицето пиејќи кучешка урина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лин Лу од Флорида редовно пие кучешка урина и тврди дека благодарение на таа „напивка“ си го исчистила лицето од акни. Оваа необична девојка секој ден пие топла урина од своето куче, и покрај научно докажаните и потврдени податоци дека нешто вакво може да биде штетно за човечкиот организам.

Но, Лин е уверена дека токму кучешката урина му дава природен сјај на лицето, а цврсто е убедена дека со неа може да се лекува и рак.

Снимката од која може малку да ви дојде неубаво на желудникот, таа ја сподели на Фејсбук објаснувајќи како токму „кучешката урина е тајната која фарамцевтските компании ја кријат од луѓето“.

„Пред да ја испијам првата урина од куче бев депресивна, тажна и имав ужасен проблем со акни на лицето. Кучешката урина во себе содржи витамин А, витамин Б и десет грама калциум, а докажано е дека помага во лечење на рак“, вели самоуверено Лин, советувајќи ги луѓето дека ако немаа куче дома, можат да позајмат од соседите.