Турската амбасада бара кривична за Македонец – го навредил Ердоган на Фејсбук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турската амбасада во Македонија бара основното обвинителство во земјава да поднесе кривична пријава против лицето Е. А. поради искажани навреди против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во писменото соопштение на Амбасадата на Република Турција се вели дека лицето Е.А, кој е државјанин и на Република Македонија и на Република Турција, преку својот профил на социјална мрежа користел изрази со кои им наштетил на угледот на Република Турција и на претседателот Ердоган.

Поради тоа што лицето користело иронични, навредливи и несоодветни зборови, до овластениот обвинител во Република Македонија против него е поднесена кривична пријава.

Осомничениот македонски државјанин напишал дека никогаш не би го послужил Ердоган со чај.