Amazon растури – го имаа најуспешениот Божиќ со над 1 милијарда пратки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Amazon.com Inc. ја испраќа својата најуспешна Божиќна сезона досега, успевајќи да достави над 1 милијарда пратки во двете услуги – Prime и Fulfillment By Amazon која обезбедува чување, пакување и испорака од страна на независни трговци кои продаваат производи на компанијата.

Продажбата на звучниците Echo базирани на софтвер за препознавање на глас Alexa, биле девет пати повисоки од оние во празничната сезона на 2015 година, појаснува Amazon во соопштението од вторникот. Компанијата со седиште во Сиетл ги продаде своите звучници Echo, нагласувајќи ги уште еднаш тешкотиите за правилно предвидување на побарувачката за време на шопинг за празниците, пренесува Bloomberg.

Да предвидиш побарувачка на даден производ е тежок потфат. Трговците на мало ризикуваат да губат пари од премногу или пак поради недостаток на стоки, би ги разочарало купувачите. Недостатокот на Echo покажува дека гласовните асистенти се повеќе барани од купувачите. Корисниците можат да ги користат говорните команди од уредот за да нарачаат пица, да ги проверат своите домашни задачи, да нарачаат музика и многу други работи.

Акциите на Amazon се зголемија во средината на сесијата за 1,3 отсто до 770,71 долари за готово. Акциите предвидуваат раст од 13 отсто од почетокот на годината.