Home Спорт Туре: Знаев дека ќе му бидам потребен на Гвардиола!

Туре: Знаев дека ќе му бидам потребен на Гвардиола!

Јаја Туре после неколку месеци се врати во стартниот состав на „граѓаните“ и со два гола му донесе важна победа на својот тим на гостувањето кај Кристал Палас.

Јаја Туре беше во немилост на Гвардиола и не можеше да игра додека јавно не се извини, а после натпреварот истакна дека знаел дека еден ден ќе му биде потребен на каталонскиот стратег.

„Бев подготвен психички. Знаев дека еден ден ќе му бидам потребен на Пеп Гвардиола. Прекрасно е што се вратив во игра. Мојот тим, Манчестер Сити, е најважното за мене“, изјави Туре.

„Гвардиола секогаш се однесувал добро со мене. Јас ја чувствував поддршката. Сакам да сум тука, професионалец сум и сакам да играм“, додаде Туре.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…