Home Вебкафе Црвена Звезда VS. Реал Мадрид – 4:2, и „додавање од милион долари“ на Пикси до Ѓуровиќ

Црвена Звезда VS. Реал Мадрид – 4:2, и „додавање од милион долари“ на Пикси до Ѓуровиќ

Среда, 4 март, 1987 година, во сезоната 1986/87 од тогашното натпреварување Куп на шампионите на Европа (денес познато како Лига на шампионите), во Белград, пред 90.000 гледачи се одигра епскиот дуел меѓу Црвена Звезда и Реал Мадрид.

Дуелот со генерална доминација го добија „црвено-белите“ од Белград со 4:2, а натпреварот ќе остане запаметен по брзите голови на Звезда, неверојатното додавање на Пикси до Ѓуровиќ и целокупната одлична игра на југословенскиот (и подоцна европски) шампион.

Иако во вториот натпревар во Шпанија Звезда загуби со 2:0 и отпадна од елитното натпреварување, овој дуел во Белград уште долго потоа ќе се зборува во фудбалските кругови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…