Црногорската полиција трага по жената која со лажни документи повлекла 1,3 милиони евра од туѓа сметка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полициските служби на Црна Гора трагаат по жената која на 12-ти април, користејќи фалсификувани документи подигнала од „Ловчен банка“ 1,3 милиони евра од туѓа сметка.

Полицијата била известена ден подоцна за измамата. Банката сфатила дека се работи за измама кога жената сопственик на сметката ги известила дека не побарала исплата на парите и дека последен пат во Црна Гора била пред една година.

Измамничката дала на увид фалсификувана лична карта на име на жената чии пари се подигнати. Таа прво на 11-ти април најавила дека ќе дојде да ја подигне заштедата од филијалата на банката во Херцег Нови. Поради големиот износ банката ја изветила кога може да дојде. Ден потоа таа со ранец влегла во банката, ги земала парите и од тогаш и се губи трага.

„По наредба на обвинителот се преземаат мерки за идентификување на НН лицето кое ја извршило измамата. Одземени се снимки од надзорните камери на кои јасно се забележува сторителот“, велат од црногорската полиција.

Од банката уверуваат дека оштетената клиентка ќе биде обештетена бидејќи се работи за изолиран случај кој е покриен со осигурителна полиса и кој не може да влијае на редовното функционирање на банката.