Црниот биланс во Драч се зголемува: Досега 15 загинати и над 600 повредени во земјотресот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, го зави албанскиот град Драч во црно. Урнати згради, затрупани цели семејства е потресната слика која зад себе ја остави најсилниот од потресите кои ја погодија Албанија, а се почувствуваа во цел регион.

Бројот на жртви и повредени се зголемува од час во час. Албанија брои се повеќе жртви и повредени од катастрофалниот земјотрес, што го погоди Драч ноќеска, неколку минути пред 4 часот.

Црниот биланс достигна 15, но стравувањата се дека бројот ќе расте. Од Албанија во живо во вестите, го вклучуваме Михајло Видимлиски.