Црни бројки: 1.166 нови случаи на Ковид-19 и 29 починати лица како последица од вирусот во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изминатите 24 часа во Македонија, според статистичките податоци со кои располага Министерството за здравство, се евидентирани 1.166 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 6.458 тестирања. Пријавени се 29 починати лица од кои 6 починати лица од Тетово, 5 починати лица од Струга, 4 лица од Скопје, по 3 лица од Гостивар, Куманово и Струмица, по едно починато лице од Кичево , Битола , Велес , Македонска Каменица и Пехчево.

Најголем број на новозаразени се евидентирани во Скопје вкупно 375,потоа во Тетово вкупно 159 нови случаи со ковид-19 и во Гостивар вкупно 105.

Почина 21-годишно момче од ковид-19, шест смртни случаи во тетовската болница во изминатите 24 часа

Најголем број на активни случаи има во Скопје каде што се евиденирани 4451, потоа во Тетово каде што има 2030 активни случаи на заразени со ковид-19 и Гостивар кој брои активни 1548 случаи.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.