Цените на горивата остануваат исти, мазутот поскапува

Согласно најновата, денешна одлука на Регулаторната комисија за енергетика бензинот и дизелот од полноќ ќе продолжат да се продаваат по иста цена, а за два денари ќе поскапи мазутот.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,354 (денари/килограм).

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 проценти во однос на вчерашната одлука.