Home Актуелно Целосно изгоре куќа во Битола

Целосно изгоре куќа во Битола

Утринава во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.

Пожарот бил локализиран во 04,15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола. Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…