Home Актуелно Труст: Нова истрага на СЈО

Труст: Нова истрага на СЈО

Труст е новата истрага на СЈО, нан која СЈО работело подолго време.

Обвинителката Фатиме Фетаи, вели дека со фалсификувана документација три лица, раководители во фирмите Трансмет, Силекс и Ваго, добиле тендер и ансекс со што се заработени незаконски 1.6 милијарда денари.
Се работи за јавна набавка за ископување во Суводол, а договорот е склучен со ЕЛЕМ. Има три разговори во кои се открива дека имало незаконски дејствија, два од нив не биле објавени досега. Три лица свесно ги повредиле постапките за јавна набавка.

Доставена била невистинита документација за сопственоста на механизацијата и за состојбата во која се наоѓала механизацијата. Имало фактури и договори за наводно купена механизација и договори за лизинг.

Првоосомничениот од Трансмет со ваква документација дека наводно ги исполнува условите ја доставил понудаат до ЕЛЕМ и склучиле договор. Тројцата осомничени од трите фирми, рече Фетаи стекнале незаконски имотна корист од 1 милијарда и 60 милиони денари или 17 милиони и 275 илјади евра.

Осомничени се и трите правни лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…