Трудница повредена во тепачка меѓу две брачни двојки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во барака на скопската улица „Владимир Комаров“ во текот на вчерашниот ден брачна двојка ги нападнала М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29) која била во седмиот месец од бременоста.

Како што информираат од МВР, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д. (22) физички ги нападнале двајцата сопружници и нивниот син, по што тие почначле да бегаат. Меѓутоа, напаѓачите ги стигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка.

По инцидентот била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде трудницата М.Д. била прегледана од страна на лекар и била задржана. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.