Трикови кои ќе ви помогнат полесно да располагате со финансиите…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Располагањето со месечниот буџет не е едноставна задача.

Можеби од месец во месец истрајно ги запишувате сите трошоци и парични обврски, а пред крајот на месецот сепак се наоѓате во финансиска криза. Постои решение и за овој проблем.

1. Остранете само еден од непотребните трошоци

Обидете се да се сетите на една работа, како претплата на магазин, на која секој месец трошите одредена сума, а не ви е итна потреба. Ако се откажете од една, ќе ви биде полесно во иднина да се одрекувате од работите за кои мислите дека без нив не можете.

2. Поделете ги трошоците со партнерот, пријателката или цимерот

Ако вашата има претплата на некои концерт или филмски сервис, нема потреба и вие да имате одвоена сметка на истиот сервис. Едноставно замолете ја да ве додаде на својата сметка за следниот месец да го поделите трошокот.

3. Плаќајте во кеш

Обидете се почесто да плаќате во кеш. Кога физички ќе ги видите парите кои ви остануваат, полесно ќе носите одлука за купување пред да платите со картица со која лесно може да се занесете и да потрошително значително повеќе отколку што сте планирале.

4. Добро размислете пред да фрлите или поклоните некои работи

Денес постојат навистина многу страни кои нудат услуга за продажба на стари или нови работи.