Три девојки од струмичко киднапирале малолетно девојче – го држеле затворено во стан


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Три девојки од струмичко на возраст од 17, 18 и 20 години киднапирале малолетно девојче, го држеле во стан и го нападнале со остар предмет, соопшти МВР. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

„На 03.09.2022 околу 18.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20.00 часот во стан во Струмица противправно држеле и физички, со употреба на остар предмет, нападнале малолетничка од Струмица”, се вели во полициското соопштение.