Home Шоубизнис Трејлер за „Corona “ – прв филм за коронавирусот

Трејлер за „Corona “ – прв филм за коронавирусот

Објавен е трејлерот за првиот филм снимен за пандемијата на коронавирусот. Режијата на овој филм е потпишана од Иранецот Мостафа Кошвари, кој живее во Канада.

Насловен едноставно само како „Корона“ и станува збор за психолошки филм. Филмот е снимен во лифт, каде една девојка од Кина која што е заразена со коронавирус, останува заглавена со уште седум други лица во истиот.

Режисерот за „ЊуЈорк Тајмс“ изјавил дека филмот допира до предрасудите, зборува за стравот и станува збор за студија на опшеството и моралните решенија.

Снимањето е направено за неколку дена во месец февруари со една екипа од само 25 луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…