Home Шоубизнис Трејлер за анимираниот филм со легендарните Штрумфови пристигнува во април 2017

Трејлер за анимираниот филм со легендарните Штрумфови пристигнува во април 2017

Smurfs: The Lost Village е најавениот анимиран хит од режисерот Кели Асбери, кој се базира на белгискиот стрип серијал од ’80-те години на минатиот век, The Smurfs (кај нас познати како Штрумфовите).

Гласовите за едни од најпознатите и најомилени цртани ликови ги позајмија Деми Ловато како Штрумфета, Џек МекБрајер како Трапавко, Менди Патинкин како Веле Штрумф, Рејн Вилсон како Гаргамел и други.

Дејството на анимираниот филм ќе ја следи Штрумфета која ја бара смислата на својот живот на село како единствена девојка во истото, а кога ќе го сретне чудовиштето во Маѓепсаната шума ќе ја доживее авантурата на својот живот.

Анимираниот филм во американските кино сали пристигнува во април, 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милица Тодоровиќ првпат го прослави роденденот со синот Богдан

Милица Тодоровиќ го прослави својот 36-ти роденден во друштво на бројни колеги и пријатели…