Home Актуелно Трамп со предлог да се укине на „Гласот на Америка на македонски јазик“

Трамп со предлог да се укине на „Гласот на Америка на македонски јазик“

Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, испратен до Конгресот предвидува укинување на сервисот „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик, пренесе Макфакс.

Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е единствениот јазичен сервис, за кој се бара укинување или редукции и во двата сервиси.

Во објаснувањето во документот на предлог- буџетот пишува дека емитувањето на „Гласот на Америка“ ќе се намали во Авганистан, Индонезија, Руанда и Бурунди, а се предвидува „елиминирање на програмите за Македонија“. Се предложува и потенцијално спојување на програмите во Латинска Америка и Куба.

Буџетот на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) на македонски пак треба да се намали за 200.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…