Home Актуелно Трамп обвинува: Тие се обидуваат да ги украдат изборите!

Трамп обвинува: Тие се обидуваат да ги украдат изборите!

Американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на Твитер, тврди дека неговите политички противници, на чело со претседателскиот кандидат Џо Бајден, се обидуваат да ги „украдат изборите“, иако тој не понуди доказ и нагласи дека наскоро ќе одржи говор.

„Ние сме ГОЛЕМИ, но тие се обидуваат да ги УКРАДАТ изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не можат да бидат дадени по затворањето на избирачките места!“ , објави Трамп на Твитер, по период од неколку часовно молчење на социјалните мрежи.

„Вечерва ќе дадам изјава. Голема ПОБЕДА!” наведе тој во вториот Твит

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…