Од министерска, Нина Ангеловска се сели во директорска функција во Телеком

На вчерашната владина седница беше донесена одлука за промена на членовите на одборот на директори во Македонски Телеком.

Како што е соопштено владата му препорача на Собранието на акционери на Македонски Телеком, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори: Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори.

За членови на Одборот на директори на Собранието на акционери на Македонски Телеком му препорача да ги избере:
– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член, и
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член